Home Events Посета на ООУ „Гоце Делчев“ Штип
Посета на ООУ „Гоце Делчев“ Штип
Monday, 27 January 2020 15:24
There are no translations available.

OUGoceDelcev-01Реконструкциите во ООУ „Гоце Делчев“ се во завршна фаза и учениците и наставниот кадар од тоа училиште во наредниот период ќе имаат подобри услови за извршување на образовниот процес.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ги посети двете школи во населбата Три Чешми и во централното градско подрачје.

„Се наоѓаме во основното училиште Гоце Делчев во населба Три Чешми, каде во завршна фаза е дренажниот систем кој чини околу 900.000 денари со што учениците и наставниците овде нема да се соочуваат повеќе со влага во просториите,“  изјави градоначалникот Бочварски.

Во основното училиште Гоце Делчев инвестирани се 2,4 милиони денари во нова опрема, нови клупи, смарт табли со што Општина Штип покажува дека парите на граѓаните се вложуваат во подобро и поквалитетно образование.

Директорот Димов ја искажа благодарноста за добрата соработка со локалната самоуправа, која придонесува за подобрување на условите на образование како во ова така и во останатите образовни институции во градот.

OUGoceDelcev-02

OUGoceDelcev-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

September 2020
M T W T F S S
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize