Home Events Изјава на градоначалникот Бочварски за предвидени 200 милиони денари во Буџетот за 2020 година за изградба на брана на река Отиња
Изјава на градоначалникот Бочварски за предвидени 200 милиони денари во Буџетот за 2020 година за изградба на брана на река Отиња
Tuesday, 10 December 2019 15:22
There are no translations available.

Izjava-BranaOtinja-01,Во изминатиов период започнавме со сериозни планови за раст и развој на Штип.

Многупати говорам и ќе повторам дека мојот мандат се темели на трасирање на пат за идните петснаесет-дваесет па и повеќе години,пред се преку носење на сериозни одлуки за нашиот град.

Мојата борба и борбата на оваа Локална самоуправа е да изградиме објекти кои ќе бидат од корист за нашите граѓани.Објекти кои ќе остават трага во овој град.

Браната на р.Отиња ќе даде нова реалност но и нов квалитет на Штип.

Многу малку луѓе досега веруваа дека овој објект ќе стане реалност.

Покажавме дека за само две години макотрпна работа, многу средби, состаноци, носење на храбри и вистински одлуки конечно доаѓаме до самото финале, преку обезбедување на финансиска конструкција за овој објект.

Некогаш имало желба и визија, немало проект ниту пари.

Денес има желба и визија, има проект, има и пари.

Заедно со Претседателот на Владата Зоран Заев веќе најавивме изградба на овој капитален објект.

 

Тоа ветување е преточено во буџетот за 2020 година кој е во собраниска процедура преку програмата на МТВ.

За изградба на браната на р. Отиња се предвидини 200 милиони денари или нешто над 3,2 милиони евра за наредната 2020 година за нашиот град.

Заедно со министерот за транспорт и врски Сугаревски работам секојдневно за што е можно поскоро започнување со изградба и ќе направам се` да бидат искористени што е можно повеќе од предвидените пари.

Во 2020 година очекувам да поставиме камен темелник на брана на р.Отиња и да биде изграден сериозен дел од неа.

Упатувам благодарност до Владата и претседателот Зоран Заев за одвоените сериозни средства, државни пари за Штип.

Ова е значајна и огромна подршка за нашиот град.''

 

Izjava-BranaOtinja-02

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

September 2020
M T W T F S S
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize