Home Events Граѓански форум во Општина Штип
Граѓански форум во Општина Штип
Thursday, 28 November 2019 13:01
There are no translations available.

GragjanskiForum-01Вчера во организација на Општина Штип и Фондација за развој на локалната заедница – Штип се одржа граѓански форум во хотел „Оаза“.

На овој настан граѓаните од урбаните заедници учествуваа во градење на Буџетот на Општина Штип за 2020 година, преку свои конкретни предлози и мерки кои се значајни за подобрување на условите во средините во кои живеат и гравитираат.

На овој настан присутни беа, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов, директорите на јавните претпријатија и претставници од Фондацијата за развој.

Општина Штип преку ваквите настани ги вклучува граѓаните во носењето на одлуките и во решавање на приоритетните проблеми.

Ваквите дебати ќе продолжат со секоја урбана заедница за најважните потреби и проблеми на граѓаните да бидат внесени во Буџет за 2020 година.

 

GragjanskiForum-02

GragjanskiForum-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

July 2020
M T W T F S S
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize