Home Events Осми ноември – Ден на ослободувањето на Штип
Осми ноември – Ден на ослободувањето на Штип
Monday, 11 November 2019 11:29
There are no translations available.

8Noemvri-Priznanija-01Општина Штип организираше низа настани по повод Осми ноември – Ден на ослободување на Штип.

Џез фестивал, интернационален театарски фестивал и промоција на книга за театар беа настаните по повод 75 години слободен Штип кои беа во организација на локалната самоуправа во Дом на млади и НУ-УБ „Гоце Делчев“ Штип.

На денот на ослободувањето, претставници од локалната самоуправа предводени од градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски положија цвеќе пред споменикот на генерал Михајло Апостолски и  споменикот на револуцијата на тврдината Исар.

Свечената седница на Совет на Општина Штип се одржа во ОМЦ „Киро Глигоров“ каде беа врачени 5 Осмоноевриски признанија на знајачни личности и институции за град Штип.

Добитници на годинешното признание Осми ноември беа: Марија Максимова – професор по музичка уметност, Викторија Димитрова Јованова – новинар на МИА, Ристе Љуботенски – сопственик на ИМАКО винарија, ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ и Раде Ивановски – професионален пилот.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски им ги честиташе признанијата на добитниците со желба за понатамошен успех и напредок.

„На ваков значаен ден, вреди да посакаме нашиот град да биде вечен и во постојан развој, да одбележува уште многу години јубилеј во знак на слободен Штип.

Осми ноември останува забележан во историјата, во пишаните документи, во духот на штипјани и во генот на идните генерации, кои живеат и ќе живеат во градот под исарот,“ истакна Бочварски во својот поздравен говор.

 

8Noemvri-Priznanija-028Noemvri-Priznanija-02

8Noemvri-Priznanija-03

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

December 2019
M T W T F S S
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize