Home Events Осми ноември – Ден на ослободувањето на Штип
Осми ноември – Ден на ослободувањето на Штип
Thursday, 08 November 2018 15:13
There are no translations available.

8-Noemvri-01Денеска, по повод Ден на ослободувањето на Штип – 8 ноември се одржаа низа настани. Во 09:45 часот се одржа концерт на Дувачки оркестар Проарт Штип пред спомен обележјето на Алеја на народни херои, каде пред споменикот на Михајло Апостолски се положи и цвеќе од страна на локалната самоуправа предводена од градоначалникот Бочварски, советници во Совет на Општина Штип предводени од претседателот на Совет, Јане Миланов и претставници од останати здруженија и политички партии.

Во 10:30 часот се положи цвеќе пред Споменик на револуцијата кај тврдината „Исар“, каде свое поздравно обраќање имаше градоначалникот Благој Бочварски.

Свечената седница на Совет на Општина Штип ја отвори претседателот на Совет, Јане Миланов поздравувајќи ги присутните и честитајќи го 8 ноември- Ден на ослободувањето на Штип,а потоа свое излагање имаше градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

„Денеска се одбележуваат 74 години слободен Штип. Осми ноември, светол датум врежан во нашата историја, ден кога го истакнуваме делото на нашите предци, по чии стапки доследно чекориме и го градиме нашиод град под исарот.

Почитувани присутни,8-Noemvri-02 пред се, упатувам искрени честитки до сите вас по повод 8 ноември – Ден на ослободувањето на Штип. Денеска ја чествуваме, споменуваме и величиме храброста на нашите сограѓани кои ги положија своите животи за да Штип живее во мир, слога, просперитет прифаќајки ги предизвиците и новитетите што ги носи новото време,“ кажа градоначалникот Бочварски.

Во своето излагање, Бочварски ги информираше присутните за тековните активности и реализацијата на проекти кои се неопходни за развој на општина Штип.

„Осми ноември останува забележан во историјата, во пишаните документи, во духот на штипјани и во генот на идните генерации, кои живеат и ќе живеат во градот под исарот.

Нашиот Штип нека ни биде вечен и во постојан развој, а ние да целиме, да создаваме модерен, напреден, европски град.

Убеден сум дека сите ќе бидеме иницијатори на корисни идеи, успешни проекти за добробит на целата заедница.

Нека ни е честит 8 ноември, Денот на ослободување на Штип,“ додаде Бочварски.

Како последна активност по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Штип – 8 Ноември беа митровденските средби на доктори на науки во НУ-УБ „Гоце Делчев“.

 8-Noemvri-03

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

Calendar

November 2018
M T W T F S S
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 1 2

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize