Home Events Резиме за една година локална власт на градоначалникот Благој Бочварски
Резиме за една година локална власт на градоначалникот Благој Бочварски
Tuesday, 06 November 2018 13:24
There are no translations available.

Rezime-1GodinaBocvarski01Вчера градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски пред преполна сала на Совет во Општина Штип го презентираше резимето за проектите и настаните во изминатата една година локална власт. Бочварски придружуван од претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов и секретарот на Општина Штип, Соња Китанова ги презентираше започнатите и завршени проекти, започнатите капитални инвестиции во Општина Штип и сите настани и активности кои се одржуваа во овој период.

„Помина една година откако ми ја доверивте честа и одговорноста да бидам градоначалник на Општина Штип. Ме направивте горд што ме ставивте во позиција да ги остварувам и споделувам со вас секојдневните постигнувања на нашиот град, но и плановите за да ја носиме нашата заедница кон напредок и просперитет и понатаму,“ кажа градоначалникот Бочварски на почетокот од своето излагање.

Како еден од првите проблеми со кои се соочил градоначалникот Благој Бочварски во ноември 2017 година кога ја презел функцијата, била празната општинска каса и проблем со исплаќање на плати на вработените.

Сега, после една година во Општина Штип, се инвестираат над 2,6 милиони евра во инфраструктурни проекти коишто го обезбедуваат долгорочниот раст и развој на градот.

Градоначалникот Бочварски ја известиRezime-1GodinaBocvarski02 јавноста дека Општина Штип и јавните претпријатија инвестираат во квалитетна инфраструктура. За само една година во Штип се изградени 2440 метри улици и 1000 метри локален пат, реконструирани се 1070 метри улици и изградена е 4000 метри квадратни инфраструктура за пешаци, 1400 метри тампонирани улици и пристапни патеки. Извршена е изведба на нови и реконструкција на постоечки водоводни линии со должина од 2929 метри и канализациони линии со должина од 1624 метри.

„Заедно со јавните претпријатија работиме на квалитетно и темелно уредување како на површинскиот дел, така и на оној дел којшто се наоѓа под улиците и којшто е дотраен заради негрижата на изминатите власти,“ дополни Бочварски.

Во Општина Штип е започнато со изградба на детска градонка во населба Сењак, капитален проект којшто е од големо значење за граѓаните. Овој проект чини 800.000 евра и ќе го реши проблемот со сместување на 200 дечиња.

Во централното градско подрачје изградена е паркинг платформа со што делумно се решава сообраќајниот хаос што претставува горлив проблем за граѓаните на Општина Штип. Новата платформа ќе чини околу 10 милиони денари.

Како едни од значајните предизборни ветувања на Бочварски, се гасификација на општина Штип и брана на реката Отиња.

„Избран е најповолен економски оператор-компанијата „Простор“ од Куманово, фирма која ќе обезбеди идеен и основен прокет за 20 километри гасификациона мрежа. Јас како градоначалник на Општина Штип одржав бројни средби со стопанственици на територија на општина Штип, за да ја увидам заинтерсираноста кај граѓаните за приклужување на гаификационата мрежа. Општина Штип паралелно работи и со институциите во градот кои би требало да се вклучат на гасоводот,“ изјави Бочварски пред присутните.

Бочварски додаде и дека во моментот се работи на преработка на основниот проект за брана на реката Отиња, а паралелно со тоа се работи на ревизијата на основниот проекто за брана на реката Oтиња. Завршен е тендерот и започнува да се работи на студијата зза животна средина.

„Во изминатиов период интензивно работевме на реализација на ветеното. Денеска го резимиравме сето она што во изминатите година дена го направивме заедно. Сето ова беше возможно заради вашата поддршка и помош. Продолжуваме понатаму, сите заедно,“ изјави Бочварски во завршното излагање.

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

Calendar

November 2018
M T W T F S S
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 1 2

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize