Home Events Одбележување Меѓународен ден на мирот
Одбележување Меѓународен ден на мирот
Friday, 21 September 2018 14:06
There are no translations available.

DenNaMirot-01Денеска во организација на Општина Штип и Општинската Организација на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945, свечено беше одбележан Меѓународниот ден на мирот во паркот К’ртеќе, во месноста Суитлак.

На свеченоста присуствуваа градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, членови и продолжувачи на делото на Сојузот на борците, припадници на АРМ, претставници на политички партии, невладини организации, граѓански здруженија, ученици, студенти од Штип и штипско и многу други.

Со Резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21 септември е прогласен за Меѓународен ден на мирот, а Резулуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН секоја година на 21 септември редовно да го одбележуваат.

Темата за 2018 година е: DenNaMirot-02„Правото на мир – Универзална декларација за човекови права на 70“ која ја одбележува 70-годишнината од Универзалната декларација за човекови права.

Универзалната декларација за човекови права е важен документ во историјата на човековите права. Изработена од претставници од различни правни и културни средини од сите региони во светот. Декларацијата беше усвоена од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во Париз на 10 декември 1948 година како заеднички стандард на достигнувања за сите народи и за сите нации.

 DenNaMirot-03

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

Calendar

October 2018
M T W T F S S
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize