Home Events Нови улици во Блок 2000
Нови улици во Блок 2000
Wednesday, 12 September 2018 14:31
There are no translations available.

Ulici-Blok2000-01Во изминатиов период Општина Штип и градоначалникот Благој Бочварски се фокусирани на реализација на проектите коишто се поврзани со градежната офанзива во општина Штип, преку која се опфатени повеќе инфраструктурни проекти што вкупно чинат околу 2.6 милиони евра.

Над 160 милиони денари се вложени во вистинските цели, а тоа се интересите на граѓаните и изградба на квалитетна инфраструктура којашто ќе им го направи секојдневието пријатно и лесно.

Градежната офанзива во општина Штип продолжува и денеска. Деновиве во Блок 2000 се градат нови улици и се обезбедува квалитетна нова инфраструктура за нашите сограѓани и од овој дел од градот.

Изведбата на овие улици чини околу 3.000.000 денари, а станува збор за нова улична површина од 1300 квадратни метри и должина од 200 метри.

„Многу важно е штоUlici-Blok2000-02 овде се развиваат нови објекти, за коишто, патем, морам да ги информирам граѓаните дека се наплатени комуналии од овие плацеви и парите се потрошени од страна на претходната локална власт без да бидат направени улиците. Денес, оваа локална власт најде средства и си ги извршува обврсктие кон овие сопственици кои во минатото уредно си платиле комуналии и градат, а сега треба да им се донесе инфраструктура којашто треба да им се изгради до нивните домови,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Во моментов овде се изведуваат земјени работи, а наскоро ќе започне и асфалтирањето на улиците.

Изминатиов период беа асфалтирани и рехабилитирани и улиците „Иво Лола Рибар“, „Крушевска Република“, „Ѓорги Петров“ и „Петта Партиска“, а беа бетонирани и краци од улиците „Радански Пат“ и „Кирил Пејчиновиќ“.

Парите на граѓаните ги насочуваме кон вистинските цели, а Штип конечно го доживува развојниот подем кој го заслужува. Продолжуваме да се движиме во иста насока со засилен интензитет и искрени и вредни заложби за унапредување на Штип. 

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

Calendar

November 2018
M T W T F S S
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 1 2

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize