Home Events Инфраструктурна офанзива во Штип
Инфраструктурна офанзива во Штип
Tuesday, 07 August 2018 13:53
There are no translations available.

Infrastruktura-01Денеска, 07.08.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ја информираше јавноста за тековните инфраструктурни проекти и инфраструктурната офанзива којашто се случува во општина Штип.

Имено, во моментов во Штип во различни фази од нивната реализација се одвиваат голем број важни инфраструктурни проекти. Над 161.471.000 денари, пари на граѓаните, се вложени во бројни инфраструктурни проекти, коишто се од суштинско значење за растот и развојот на нашиот град.

„Над 2.600.000 евра се насочени кон вистинските цели.

Граѓаните ќе ги запознаваме со реализацијата на овие инфраструктурни проекти постепено, а денеска ќе набројам што се гради во моментов.

Во Штип интензивно се градат нови или се санираат и обновуваат вкупно 32 улици во градот. Се градат новите улици во близина на објектот „Луна Комерц“, како и улиците „11 Конгрес“ и 6 и 7 во населба Баби, две улици кај Радански пат и шест улици кај Сончев Град кај населбата Дузлак. За улиците во градот, Општина Штип во моментов вложува вкупно 38.353.441 денари. Предвидена и изградба на пристапен пат за населбата Суитлак, пристапни улици во населба Горна Железничка, во Блок 2000, како и многу други проекти.

Освен за улици, се вложува и во патната инфраструктура, со тоа што се градат нови тротоари, како на пример оној кон Кампус 4 на УГД, но и се обновуваат старите, како на пример тротоарот кон Клиничка болница, на улицата „Козјак планина“.

Се реконструира игралиштето во населба Блок 2000, а исто така се поставени десет активни зони за вежбање.

Се поставуваат канализациони мрежи во населбите Баби и Суитлак. Исто така и се врши поврзување на новите бунари во системот за бунарско обезбедување со вода, што чини 1.200.000 денари.

Во село Љуботен се врши реконструкција на водоснабдителниот систем.

Реализацијата на проектот со обиколницата е во своите финални чекори,Infrastruktura-02 а се очекува наскоро да започне и втората фаза од овој проект. Во финална фаза е и фонтаната кај платото пред пензионерски дом.

Обезбедено е улично осветлување за новите изградени улици, и тоа во населбите Сењак 3, во Блок 2000, во населба Баби. Уличното осветлување вкупно ќе чини 1.975.645 денари.

Се фокусираме на изградбата на детска градинка, за што Општина Штип издвојува 20.279.441 денари од општинскиот буџет, а државата партиципира со 16.592.269 денари.

Во сите набројани проекти чија вкупна вредност изнесува 161.471.891 денари, Општина Штип партиципира со 142.780.543, а остатокот се добиени од државата.

Општина Штип, која во ноември 2017 година имаше само 3 милиони денари на сметката, сега, само десет месеци подоцна, инвестира 142.780.543 денари во инфраструктурни проекти коишто го обезбедуваат долгорочниот раст и развој на нашиот град.

Тоа е вистински успех којшто граѓаните го препознаваат.

Штип конечно го доживува развојниот подем кој го заслужува. Ќе продолжиме да се движиме во иста насока со засилен интензитет и искрени и вредни заложби за унапредување на Штип,“ истакна градоначалникот Бочварски 

Infrastruktura-03

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

Calendar

October 2018
M T W T F S S
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize