Home Events Поставени десет активни зони за вежбање
Поставени десет активни зони за вежбање
Thursday, 05 July 2018 12:34
There are no translations available.

Aktivni zoni-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, изврши увид во реализацијата на проектот за поставување десет активни зони за вежбање. Градоначалникот Бочварски изврши увид во поставената активна зона за вежбање во урбаната заедница Автокоманда, во близина на пинг-понг салата. Една од приоритетните цели на новата локална самоуправа е создавање услови за стекнување и негување здрави навики кај граѓаните преку практикување спортски и рекреативни активности.

„Денеска промовираме еден Aktivni zoni-02нов проект којшто го реализира Општина Штип, а со цел зголемување на спортските активности на младите. Поставуваме десет активни зони за спортување во Општина Штип преку коишто ќе ги мотивираме повеќе младите да спортуваат, возрасните да се рекреираат, а децата да се забавуваат. Имаме десет локации коишто беа одбрани од Општина Штип на коишто веќе се монтираат вакви справи за активно тренирање и вежбање. Справите ќе бидат достапни за граѓаните 24 часа и ќе бидат поставени во неколку урбани заедници во градот:

-      Населба Леваци, до спортското игралиште;

-     Населба Широк Дол, во склоп на постојните спортски игралишта;

-     Ново Село;

-     Стар Караорман;

-     Населба Дузлак, во рамки на постојните спортски игралишта;

-     Населба Сењак 3;

-     Паркот до полицијата;

-     Населба Баби, во паркот до ООУ „Славејко Арсов“;

-     Населба Осми Ноември, на почетокот од населбата, покрај река Брегалница;

-     Три Чешми.

Aktivni zoni-03Овие се десетте зони каде се монтираат деновиве, а оваа опрема ќе биде ставена во функција на граѓаните,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Активните зони ќе бидат активни 24 часа и достапни за користење од страна на сите категории кои имаат желба за рекреација и спортување. Конструкцијата е монтажно демонтажна. Истата се сости од шест различни финтес справи поставени на бетонски темели.

Оваа урбана опрема е поставена исклучиво за остварување на јавен интерес утврден со закон. Проектот чини 3.000.000 денари, средства издвоени од буџетот на Општина Штип.

Креираме капитални проекти преку кои во Штип го внесуваме духот на младоста, спортот и рекреацијата. Обезбедуваме услови за здрав живот за сите: младите да спортуваат, децата да се забавуваат, возрасните да се рекреираат. Со овој проект ги спојуваме природата, спортот и рекреацијата на едно место. Инвестираме во создавање подобри услови за спортување и одржување здрави навики на жителите на спомнатите населби.

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

Calendar

July 2018
M T W T F S S
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize