Home Events Средба со АРМ, Здружена Оперативна Команда
Средба со АРМ, Здружена Оперативна Команда
Thursday, 21 June 2018 08:40
There are no translations available.

ARM-03Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари средба со АРМ, Здружена Оперативна Команда, на којашто присуствуваа командантот на ЗОК бригаден генерал Павле Арсоски и началниците на секции. За време на средбата, градоначалникот ја презентираше Општина Штип и нејзините капацитети, додека бригадниот генерал Павле Арсоски зборуваше за присуството на АРМ на територијата на општина Штип, како и за соработката помеѓу АРМ и Општина Штип.

„Убаво е да се види како припадниците на Армијата на Република Македонија работат посветено, енергично и професионално ги применуваат своите знаења. Нивните знаења, вештини и искуства се она коешто ја прави нашата држава и граѓаните сигурна, безбедна и просперитетна.

Затоа Владата на Република Македонија и Министерство за одбрана прави се во насока на подобрување на условите кадешто работат припадниците на АРМ, онаму од каде ја заработуваат својата плата.

Како граѓани на Република Македонија треба да се гордееме што имаме ваква институција којашто работи во интерес на граѓаните, институција којашто често нѐ претставува во други држави во вистинско светло, институција којашто претставува мост до НАТО и ЕУ.

Во иднина ќе продолжиме да разменуваме искуства и взаемно да ги претставуваме институциите во кои работиме, секако меѓусебната координација ќе даде подобар резултат во општественото работење,“ истакна градоначалникот Бочварски.

 

ARM-01 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

Calendar

October 2018
M T W T F S S
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize