Home Events Средба со амбасадорка на Р. Србија во Р. Македонија
Средба со амбасадорка на Р. Србија во Р. Македонија
Wednesday, 13 June 2018 14:24
There are no translations available.

srbija-02Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари средба со амбасадорката на Република Србија во Република Македонија, Душанка Дивјак-Томиќ. На средбата градоначалникот Бочварски и амбасадорката Дивјак-Томиќ разговараа за продлабочување на веќепостоечката соработка помеѓу двете пријателски земји, со акцент на соработка којашто ја вклучува Општина Штип.

„Со амбасадорката Дивјак-Томиќ дискутиравма за конкретни прашања во делот на економската соработка. За прв пат остваруваме среба преку која се запознаваме и ги поставуваме контурите на идната соработка. Зборувавме за тоа каде можеме да си помагаме, каде можеме да соработуваме ние како Општина Штип со општините од Србија. Јас ја информирав амбасадорката дека веќе остварив една средба во Општина Параќин, каде се сретнав со градоначалникот и разговаравме за идна соработка. Денеска отворивме и многу други теми во однос на развојот и напредокот на соработката на двата народи, бидејќи знаеме дека сме блиски и пријателски народи и тоа треба дополнително да го продлабочуваме преку економска соработка. Целта е да имаме поголема соработка и поквалитетен живот за нашите сограѓани,“ информираше градоначалникот Бочварски.

Српската амбасадорка Дивјак-Томиќ ги повтори заложбите за продлабочување на македонско-српската соработка во секој аспект, што е и одраз на долгогодишното македонско-српско пријателство.

srbija-03srbija-01

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

Calendar

September 2018
M T W T F S S
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize