Home Events Отворање на ЕУ парк во Штип
Отворање на ЕУ парк во Штип
Saturday, 12 May 2018 14:20
There are no translations available.

EU park-1Денеска во Штип е централната прослава на Ден на Европа, којашто се случува во центарот на Штип. На плоштадот Слобода беше отворен ЕУ парк од страна на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, премиерот на РМ, Зоран Заев, како и шефот на делегацијата на ЕУ во РМ, Самуел Жбогар.
На настанот, градоначалникот Бочварски се обрати со поздравен говор :

„Ваша Екселенцијо - почитуван Амбасадор на ЕУ, г. Самуел Жбогар,

Почитувани екселенции - амбасадори на земјите членки на ЕУ,

Почитуван Претседател на Владата на Р. Македонија, г. Зоран Заев,

Почитувани министри, Претставници на општинските институции,

Драги граѓани, Дами и господа,

Огромна е честа Денот на Европа да се слави во друштво на претставници на големото европско семејство, пред чија врата стоиме исправени и подготвени за соочување со евроинтегративните предизвици.

Дозволете ми на самиот почеток да упатам EU park-2благодарност до Делегацијата на Европската Унија и ЕУ Инфо центарот, за укажаната доверба овој значаен настан да се реализира токму во нашиот град. Во изминатиот период, локалните институции од Општина Штип понудија партнерски однос и безусловна соработка во спроведувањето активности околу овој настан. Благодарност до нив, благодарност и до вас, сограѓани, за подготвеноста која ја покажувате во улога на добри домаќини!

Денеска граѓаните на општина Штип и пошироко ќе имаат можност да проследат настан од европски карактер што дава посебен сјај на нашиот град и придонесува во издигнување на општина Штип со европските метрополи.

Денеска Штип се позиционира на глобалната мапа на општини кои со највисоки почести ги чествуваат мирот и единството во Европа! Плоштадот „Слобода“ денеска е Европа во мало! Овој автентичен сплет на различни обичаи и култури, на јазици и традиции групирани под еден покрив, е вистинска симболика на европските вредности кои денес заеднички ги уважуваме.

Овој ЕУ Парк е унија од 28 множества чии пресеци ги кријат бенефитите на меѓусебната соработка. Затоа, ќе потрудиме во блиска иднина и нашата земја да го пронајде своето место под овие заеднички покрив! Како значаен дел од националната сложувалка, Штип е поподготвен од било да даде свој придонес на патот кон европското обединување. Во овој краток изминат период, оваа владина целина покажа подготвеност, но и капацитет изолацијата да ја трансформира во конекција.

Отуѓеноста да ја замени со припадност. Врз посеаниот страв, изникна доверба. А принудниот молк исчезна под вистинското лице на демократијата! Гледано од денешна перспектива, европските идеали полека, но сигурно ги засенуваат наметнатите поделби и разнебитувања.“

EU park-3EU park-4

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

Calendar

September 2018
M T W T F S S
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize