Home Events Средба со делегација од Општина Стражица од Република Бугарија
Средба со делегација од Општина Стражица од Република Бугарија
Thursday, 10 May 2018 14:36
There are no translations available.

Strazica BG-1Денеска во посета на Општина Штип е делегација од Општина Стражица од Република Бугарија. Посетата е во насока на продолжување на соработката помеѓу двете Општини. Претставниците од делегацијата од Општина Стражица посетија неколку локации и институции во Општина Штип, меѓу кои и ОМЦ „Киро Глигоров“. Дел од делегацијата се заменик-градоначалничката Катја Петрова и советничката задолжена за проекти и програми Красимира Желјаскова.

„Ги договоривмеStrazica BG-2 понатамошните активности. Меѓуграничната меѓуопштинска соработка продолжува на повеќе нивоа. Се договоривме да соработуваме и да споделуваме идеи и искуства од областа на образование, култура, спорт, социјална заштита, невладин сектор, да бидеме партнерски Општини во аплицирање за средства од ИПА програмата до пристапните фондови. За таа цел, во најскоро време, односно на 19 јуни, поголема група граѓани од Штип, односно од сите дејности кои ги споменав, ќе ја посетат Општина Стражица, каде ќе имаат контакти со нивните колеги и ќе споделат искуства. Посетата беше навистина пријатна и потребна. И понатаму како Општина ќе се обидуваме да организираме и да воспоставуваме вакви контакти со Општини од соседните држави,“ изјави Билјана Казанџиска, раководителка на секторите ЛЕР, образование и јавни дејности при Општина Штип.

Strazica BG-3Strazica BG-4

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

Calendar

May 2018
M T W T F S S
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize