Home Events Средба на градоначалникот Бочварски со Министерот Адеми
Средба на градоначалникот Бочварски со Министерот Адеми
Wednesday, 06 December 2017 14:10
There are no translations available.

sredba-ademi1Градоначалникот на Штип Благој Бочварски, денес оствари средба со Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспората.

- Средбата е за реализација на наш проект, за отворање на канцеларија за соработка со дијаспората, низ цела Македонија.

Штип е првата општина која ја посетуваме и со градоначалникот разговаравме за техничките и оперативните можности да се отвори канцеларија во Штип за сограѓаните кои живеат и доаѓаат во Штип - истакна министерот Адеми

Според Адеми, се уште нема точна статистика за бројот на иселени од Македонија:

- Од она штоsredba-ademi2 го знам од Агенцијата за иселеништво, оперативно калкулираат со бројка од околу 500.000 граѓани кои се на постојана или привремена работа надвор од Македонија и тоа е малку потешко да се обезбеди.

Градоначалникот Бочварски вети поддршка за реализација на овој проект:

- Сакам да го поздравам овој проект и да кажам дека ние како Општина Штип ќе соработуваме на овој проект за да им sredba-ademi3излеземе во пресрет на потребите на граѓаните.Разговараме и за конкретни простории, да приспособиме канцеларии во општината, во оваа зграда, но треба прво да се реконструираат и ако се започне со проектот да бидеме подготвени за тоа. Благодарност што сме прва општина во земјава во спроведување на овој проект.

Средбата се оддржа во кабинетот на градоначалникот и ова е прва посета на министерот Адеми на Штип.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Calendar

December 2017
M T W T F S S
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize