Home Events Увид на градежни активности кај плато пред Пензионерски дом
Увид на градежни активности кај плато пред Пензионерски дом
Friday, 13 April 2018 13:37
There are no translations available.

Plato PenzionerskiDom-1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во градежните активности кај платото пред Пензионерскиот дом. ЈП „Стипион 2011“ работи на реконструкција на старата подна површина заменувајќи ја со бехатон, за подобар лик на централното градско подрачје и полесно движење на граѓаните.

„Во овој дел ќе се изгради нова, Plato PenzionerskiDom-2модерна фонтана којашто посебно ќе даде нов квалитет на овој централен дел на нашиот град,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Претходно во овој дел од градот ЈП „Исар“ спроведе реконструкција на 20 метри од канализациона линија која подолг период правеше проблем за станарите и водоводна линија во должина од 60 метри, а што чинеше 120.000 денари. Со тоа, овој проект целосно чини околу 2.700.000 денари.

Plato PenzionerskiDom-3„Не работиме само на инфраструктурата којашто се гледа, туку и на оние зафати коишто не се гледаат, но вршат многу работа,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Ова е продолжение на градежните реконструкции и изградба на нова инфраструктура за пешаци кои се направени во изминатиот период на тротоарите отспротива Здравен дом, отспротива Стопанска банка, кај сала „Јордан Мијалков“, на стадионот, во дворот на клон „Росица“ при детската градинка „Вера Циривири Трена“ во Ново Село со вкупна површина од 1940 м2, се со цел полесно движење на граѓаните.

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

Calendar

October 2018
M T W T F S S
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize