Home Events Се уредува игралиштето во Кежовица
Се уредува игралиштето во Кежовица
Tuesday, 05 September 2017 10:14
There are no translations available.

igraliste-Kezovica-1Започна оградувањето на стадионот Кежовица во Ново Село. Стадионот досега беше со руинирана ограда, па на теренот можеше да влезе кој ќе стигне, што го правеше невозможно одржувањето на квалитетот на теренот за играње фудбалски натпревари.

- Со оградувањето на ова igraliste-Kezovica-2игралиште ќе направиме доста за фудбалскиот клуб Кежовица, кој се натпреварува во Третата фудбалска лига. Ги завршивме игралиштата во Македонка и Насеље. Од денеска започуваат подготовките за уредувањето и оградувањето на фудбалското игралиште во Три Чешми и ќе ни останат уште два фудбалски терени кои ќе треба да бидат оградени, едното е во населбата Стар Караорман, а второто е во населбата Балканска, кое веќе е заградено, но ќе го направиме да биде по сите стандарди, изјави Илчо Захариев, градоначалник на о. Штип.

Освен ограда, теренот на Кежовица во иднина ќе добие и трибини.

igraliste-Kezovica-3- Овде на овој спортски терен планираме изградба и на трибина, бидејќи конфигурацијата на теренот тоа го дозволува, така да се надевам дека наскоро ќе имаме еден модерен стадион, кој ќе биде во функција на сите оние кои сакаат да рекреираат, да спортуваат, но и на самиот фудбалски клуб Кежовица. Општина Штип за овие 4 години заврши 20 нови спортски терени, но истовремено направи, реконструира и обнови околу 37 игралишта, заклучи Илчо Захариев, градоначалник на о. Штип.

Претходната недела ЈП Стипион започна со поставување на анкирните плочи, додека изведувач на оградувањето е привнатна компанија.

Инаку, оградата е во должина од 300 метри, додека трибината ќе биде подигната од северната страна на стадионот, затоа што конфигурацијата на земјиштето го овозможува тоа.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Calendar

September 2017
M T W T F S S
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize