Home Events Одбележување на 75 годишнината од депортацијата на штипските Евреи
Одбележување на 75 годишнината од депортацијата на штипските Евреи
Sunday, 11 March 2018 13:00
There are no translations available.

deportacija-Evrei-1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски учествуваше во одбележувањето на 75 годишнината од депортацијата на штипските Евреи во фашистичките логори. На одбележувањето присуствуваа претставник од Еврејската заедница, г-дин Пепо Леви, д-р Кирил Барбареев, проф. Марија Иванова, градскиот хор „Штип“ под диригенство на м-р Ивана Ѓурѓевиќ, владината и собраниската делегација.

„Им оддавамеdeportacija-Evrei-2 должна почит на нашите сограѓани Евреи, но и на сите останати Евреи и други жртви на Холокаустот и трајно се определуваме да го негуваме споменот кон нив. Го осудуваме Холокаустот, го осудуваме негирањето и искривоколчувањето на Холокаустот, како и сите форми на геноци и кршење на човековите права како што се антисемитизмот, дискриминацијата, говорот на омраза, ксенофобијата, расизмот. Сите треба да се сеќаваме, дека секоја жртва не е бројка, туку има свое име. Македонија загуби голем дел од својата култура, со смртта на 98 проценти од еврејското население. Да се запамети за да не се повтори дека прогонот на шест милиони Евреи во deportacija-Evrei-3логорите на смртта во Втората светска војна, започнал со говор на омраза што прераснало во демонизација на цела група луѓе осудени на смрт во концентрационите логори“ – рече градоначалникот Бочварски.

По комеморативната седница, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со владината и собраниската делегација положија цвеќе пред споменикот на штипските Евреи, а потоа ги посетија еврејските гробишта. Општина Штип и во иднина ќе го чествува овој тажен но значаен настан за градот Штип.

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

Calendar

December 2018
M T W T F S S
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize