Home Events ,,Развој на компетенции за социјално претприемништво низ игра во Општина Штип” - Извештај за настан: ,,Обуки за социјално претприемништво преку игра“
,,Развој на компетенции за социјално претприемништво низ игра во Општина Штип” - Извештај за настан: ,,Обуки за социјално претприемништво преку игра“
Thursday, 13 July 2017 12:26
There are no translations available.

socijalno-pretpriemnistvo-1Настанот се одвиваше во два последователни денови почувајќи на 11.07.2017 и завршувајќи на 12.07.2017. Настанот беше одржан во просториите на општина Штип како дел од планираните настани во склоп на проектот Развој на компетенции за социјално претприемништво низ игра во Општина Штип. Предавачи и обучувачи беа Трајче Велковски и Бојан Јовановски. На настанот беа присутни 30 учесници на двата денови.

Првиот ден започна со регистрација на учесниците. По регистрацијата, предавачите го претставија проектот. Откако сите беа запознаени со проектот следеше воведно предевање на учесниците за социјално претприемништво. На учесниците им беше претставен концептот на социјално претприемништво како релативно понов концепт. Во тој контекст беа истакнати сличностите и разликите со претприемништвото. После претставување на основите за социјално претприемништво, беше презентиран концептот на изучување на претприемништвото преку игра (со помош на лего коцки).Предавањето беше проследено со кратка кафе пауза. По паузата учесниците беа запознаени со Бизнис моделот Канвас (Business Model Canvas) и изработија сопствени пример, водени од страна на предавачите, со цел да практично да применат некои од претставените концепти. Следуваше ручек пауза. Последната активност за овој ден се состоеше од практични вежби за развој на бизнис модели. Учесниците беа запознати со бизнис моделот и неговите составни компоненти. Тие преку интерактивна вежба во помали групи со практични примери ги применија компонентите на истиот правејќи бизнис план.

Вториот ден започнува со регистрација socijalno-pretpriemnistvo-2на присутните учесници. И како и првиот, по регистрацијата, предавачите го претставија проектот. Потоа следуваше вовед во социјално претприемништво како и претставување на претприемништвото преку Лего коцки.Предавањето беше проследено со кратка кафе пауза. По паузата учесниците беа запознаени со Бизнис моделот Канвас (Business Model Canvas) и изработија сопствени пример, водени од страна на предавачите, со цел да практично да применат некои од претставените концепти. Следуваше ручек пауза. Последната активност за овој ден се состоеше од практични вежби за развој на бизнис модели. Учесниците беа запознати со бизнис моделот и неговите составни компоненти. Тие преку интерактивна вежба во помали групи со практични примери ги применија компонентите на истиот правејќи бизнис план.

Двете групи покажаа голема заинтересираност за обуката, со посебен фокус на практичниот дел т.е. изработката на бизнис планови на последните сесии од тренинзите.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Calendar

July 2017
M T W T F S S
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize