Home Events Посета на ООУ „Славејко Арсов“ Штип и презентација на реформи во основното образование
Посета на ООУ „Славејко Арсов“ Штип и презентација на реформи во основното образование
Thursday, 15 February 2018 16:16
There are no translations available.

obrazovanie-1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, заедно со министерката за образование и наука, Рената Тренеска Дескоска, беа во посета на ООУ „Славејко Арсов“ во населбата Баби во Штип, каде, меѓу другото, извршија и увид на новата училишна спортска сала.

Подоцна, градоначалникот Бочварски и министерката Тренеска Дескоска присуствуваа на презентација на реформите во основното образование, на којашто учествуваа директори на основни училишта и одделенски наставници од Општина Штип и регионот.

На презентацијата се зборуваше за клучните промени предвидени во наставата од прво до трето одделение.

На почетокот од презентацијата се обрати и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, којшто истакна дека е особена чест и задоволство да се организира ваква презентација токму во Штип, градот на првата учителска школа, град од кој секогаш започнуваат промените.

„Децата се основна клетка наobrazovanie-2 општеството. Целта за која сите се бориме е да имаме подобро општество и посветла иднина. Во таа насока, образованието е суштествено важно, а нашиот однос кон учениците ги креира нивните работни навики и ги насочува нивните афинитети. Учениците не треба да бидат само пасивни приматели на информации, краткорочно меморирани, а за кратко време заборавени. Тие треба да бидат активни учесници во промените, со целосна поддршка и поттик од наставниците за развој на креативноста и да бидат авангарда на промените,“ истакна градоначалникот Бочварски.

„Основното образование треба да биде мост помеѓу училиштето и семејството, партнерски однос и кооперативност помеѓу наставниците и учениците.

Треба да се овозможи развој на личноста која е подготвена да превземе граѓанска одговорност, развивање на индивидуалните потреби и афинитети, култура на живеење, развој на независна, отворена, критичка и демократска личност, подготвена за акција и нови предизвици.

obrazovanie-3Основното образование и воспитание треба да го почитува индивидуалниот развој низ целокупниот воспитно-образовен процес, да ја поттикнува самодовербата, да ја развива самопочитта и почитта кон другите, да ја промовира интелектуалната слобода и толеранција. Потребно е да се развива и воспитната компонента, која во изминатиов период беше малку подзаборавена.

Основното образование и воспитание, покрај следењето на современите тенденции, се темели и на богатството и разновидноста на културното наследство, на принципите на транспарентност, препознатливост, компатибилност и демократските принципи, кои треба да ја изразат неговата ефективност.

Децата треба да учат преку игра, да доаѓаат сами до информации и активно да учествуваат во наставата.

Општина Штип е отворена Општина, подготвена за нови предизвици и нови идеи“ рече градоначалникот Бочварски и им посака на присутните успешна и плодна работа.

obrazovanie-4obrazovanie-5obrazovanie-6

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

Calendar

May 2018
M T W T F S S
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize