Home Events Заклучоци од прва средба на УО на Солидарен Фонд
Заклучоци од прва средба на УО на Солидарен Фонд
Wednesday, 14 February 2018 15:42
There are no translations available.

Денеска се одржа првата средба на претставниците на повеќе релевантни субјекти во Управниот Одбор на Солидарниот Фонд, којшто се формира по иницијатива на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. По покренувањето иницијатива за формирање ваков фонд, Општина Штип стапи во контакт со невладини организации коишто имаат искуство во оваа област и отвори соработка со нив. Како резултат од таа соработка беше донесена одлука да се формира Управен Одбор на Солидарен Фонд, во којшто ќе учествуваат претставници на повеќе субјекти.

Управниот одбор на првиот работен состанок ги донесе следниве одлуки:

-      Дефинитивно Солидарниот фонд ќе се формира како Фондација.
За формирање Фондација се потребни 10.000 евра во денарска противредност или во материјални средства (мебел, простории).

-      За собирање основачки влог од 10.000 евра е потребно да се вклучат деловните банки.
Управниот одбор одлучи да се задолжи лице кое во наредните десет дена ќе ги информира банките во Општина Штип и ќе побара нивно вклучување. Банката којашто ќе го финансира Фондот или финансиски ќе се вклучи со поголем влог ќе биде депонент на фондацијата.

-      Намената на Фондот ќе биде за лекување на луѓе во странство.
Конкретно околу намената на Фондот ќе се побара мислење за параметрите (болести) за лекување во странство. Фондот за здравство ќе даде мислење кои болести и под кои околности истите ќе се опфатени во самиот Фонд.

-      Управниот одбор одлучи да го прошири Управниот Одбор на Фондот, поради потребата од стручни лица од Фондот за здравство.
За проширувањето на Фондот, како и за сите понатамошни активности ќе бидете известени за десетина дена.

-      Задолжени за предлог изработка на правилник, критериуми и статут ќе биде Фондацијата за развој на локалната заедница(ФРЛЗ).

-      За непречно функционирање на Фондот како администратор ќе биде поставено лице од одделението за поддршка на Советот.

На состанокот се разговараше и околу начинот на којшто ќе се полни Фондот. Постојат повеќе предлози, како организирање хуманитарни акции, настани, отворање телефонска линија и сл. Подетално околу полнењето на Фондот ќе се одлучи на вториот работен состанок.

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

Calendar

May 2018
M T W T F S S
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize