Home Events Одбележан 6-ти април, денот на бомбардирањето на Штип
Одбележан 6-ти април, денот на бомбардирањето на Штип
Friday, 07 April 2017 11:40
There are no translations available.

den na bombardiranje-stipСо комеморација на спомен- релјефот кај Народниот театар-Штип и полагање на букети цвеќе од претставниците на Општинската организација на Сојузот на борци-Штип, градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев, делагации од Советот на Општина Штип, државни институции и политички партии се одбележаа 76 години од бомбардирањето на градот.

Секретарот на ОО на Сојузот на борци-Штип, Петар Мицевски во пригодната реч истакна дека во раните утрински часови германските авиони полетале од базите од Бугарија, при што од фашистичкото бомбардирање загинале околу 200 штипјани и војници на тогашната Брегалничка дивизија на војската на Кралска Југославија.Градоначалникот на Општина Штип, Захариев вели дека овој дел од нашата историја не смееме да го заборавиме.

-Тој дел од историјата беше почетокот на самоорганизирањето на македонскиот народ, кој тогаш, како Македонија беше распрачена - рече Захариев.

Пред 76 години фашистичкиот окупатор во првиот налет ја бомбардирал Соколаната, каде што сега е и Народниот театар-Штип, во кој биле сместени две воени единици на Кралска Југославија, а во вториот налет авионите ги бомабардирале тврдината „Исар“, околните маала и штипската Болница.

 

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Calendar

April 2017
M T W T F S S
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize