Home Events Чистење канали во населба Три Чешми
Чистење канали во населба Три Чешми
Thursday, 08 February 2018 15:13
There are no translations available.

kanali-1Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, направи увид во работата на екипите на ЈП „Стипион 2011“, коишто ги чистат отворените атмосферски канали во населбата Три Чешми.

Во продолжение следи изјавата на градоначалникот:

- Денеска се наоѓаме во населба Три Чешми, кадешто заедно со екипите на ЈП „Стипион 2011“ работиме на чистење на отворени атмосферски канали, коишто се во лоша состојба. Доаѓа пролетта и се очекуваат врнежи од дожд. Од Општина Штип мораме да бидеме подготвени за прифаќање на атмосферските води коишто се појавуваат при паѓање дождови, со цел да има проток на вода и да не настанат поплави напролет.

Затоа работиме на расчистување kanali-2на каналите и денеска во Три Чешми се чистат околу еден километар атмосферски канали. Досега оваа активност ја вршевме на повеќе места во градот, како на пример на улиците „Васил Доганџиски“, „Тодор Коларов“, дел од улица „Питу Гули“ и „Христијан Карпош“, „Панче Караѓозов“ и „Вардарска“. Планирано е чистење на отворени атмосферски канали и во населба Осми Ноември.

На овој начин ги заштитуваме граѓаните од поплави и си го заштитуваме градот од штети коишто можат да се случат при поголеми врнежи во пролетниот дел од годината.

Што се однесува до уште еден проблем со којшто сум запознаен од граѓаните од населба Три Чешми, а тоа е проблемот со уличното осветлување, дадов налог веќе од утре овде да биде присутна екипа за одржување на уличното осветлување од ЈП „Стипион 2011“ и да ги заменат сите дотраени, оштетени и уништени улични светилки. На тој начин населбата Три Чешми ќе биде подобро осветлена во наредниот период.

kanali-3kanali-4kanali-5

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

Calendar

May 2018
M T W T F S S
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize