Home Events Средба со амбасадор на Р. Унгарија во Р. Македонија
Средба со амбасадор на Р. Унгарија во Р. Македонија
Tuesday, 30 January 2018 16:01
There are no translations available.

Ungarija-1Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, Ласло Иштван Дукс. На средбата беа разменети повеќе информации во врска со продлабочувањето на соработката помеѓу Македонија и Унгарија, особено во рамки на Општина Штип.

Во продолжение е изјавата за медиуми на градоначалникот Бочварски:

- Денеска остварив средба со амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, на којашто се запознавме и разговараме за економската соработка помеѓу нашите две земји, конкретно за соработка на Унгарија со Општина Штип.

Разговаравме за потенцијалниUngarija-2 унгарски инвестиции, коишто може да ги има во Општина Штип, бидејќи Унгарија во претходните години постојано ја зголемува трговската размена и инвестициите во Република Македонија.

Ние сме отворени и сакаме да соработуваме со секој странски партнер, земја којашто ќе дојде, ќе инвестира средства и ќе отвори нови работни места со пристојни плати во Република Македонија.

Го запознав амбасадорот со политичката состојба во Република Македонија, а разговаравме и за нашите почетоци на работењето.

Разговаравме за воспоставувањето нови демократски принципи во Република Македонија, со цел унгарската амбасада да биде запознаена како работиме и како ќе работиме во иднина.

 Ungarija-3Ungarija-4

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

July 2020
M T W T F S S
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize