Home Events Наскоро почнува реализација на проектот за обиколница „Баргала-Сењак“ и изградба на нов мост на река Брегалница
Наскоро почнува реализација на проектот за обиколница „Баргала-Сењак“ и изградба на нов мост на река Брегалница
Wednesday, 01 March 2017 13:43
There are no translations available.

obikolnica-Bargala-Senjak-1На 9 март 2017 завршува тендерската постапка за проектот за т.н обиколница „Баргала-Сењак“ и конструкција на нов мост на река Брегалница.

Општина Штип влегува во финална фаза на подготовка на проектот за реализација и конструкција и изградба на нов мост на реката Брегалница. Мостот и пристапните сообраќајници до него, ќе поврзат два дела на градот, индустрискиот и долниот дел на населбата Сењак со што ќе се овозможи олеснување на сообраќајот но и еден вид на помала обиколница на дел од периферијата на градот. Ваквото решение се наметна само по себе, заради преоптовареност на главната сообраќајница, булеварот „Гоце Делчев“ , посебно во утринските и попладневните часови.

Заради сменското работење и големиот број на конфекции во индустрискиот дел на градот, сообраќајот практично по 15 часот е отежнат со превоз на работници во неколку десетици автобуси и потребни се најмалку половина час за нормализирање. Тоа е една од причините локалните власти да пристапат на реализација на идејата за правење на еден вид на сообраќајница со што би се избегнал застој во сообраќајот.

obikolnica-Bargala-Senjak-2

Името на проектот е „Изградба на врска помеѓу улиците „Гоце Делчев“ и Партизанска“ и одговорен субјект за реализација на истиот е ЈП „Стипион 2011“ и Општина Штип.Неофицијално се нарекува „Обиколница Баргала-Сењак“.

Согласно техничките параметри, мостот ќе биде со должина од 56 метри, со широчина како и коловозот од 7 метри, потоа пешачки дел од двете страни, секој со должина од 1.5 метри и банкини и риголи од 1 метар.При тоа, крстосницата со улица „Партизанска“ е решена со посебен проект.

Како фиксни точки при повлекување obikolnica-Bargala-Senjak-3на осовината на улицата се земени почетокот и крајот на улицата и крстосувањето со улица „Др.Слободан Јовановски„ а проектирани се и 4 кривини.Едната фиксна точка е под фабриката „Баргала“ која е последен објект на крајот на улицата од која треба да продолжи новата сообраќајница, на која на едната страна ќе биде мостот а на втората страна ќе излегува и ќе се приклучува на улица „Партизанска

Главните столбови кои ќе бидат вкопани од обете страни на реката ќе бидат со височина од 8 метри од кои еден метар ќе биде во самата земја. Со максималното ниво на вода на река Брегалница, во услови на поплави или зголемен водостој, слободното ниво помеѓу мостот и водата би бил над 3.5 метри. Мостот ќе има 15 висулки кои ќе бидат спој или врска помеѓу боковите на мостот и полукружниот лак над него, со цел стабилност.

Предвидена е монтажна пешачко одбојна ограда од метални профили по целата должина на мостот од двете страни. Одводнувањето е предвидено со типски одводни сливници во најнискиот дел (левиот дел) од мостот поставени на секои 10 метри. Армирано бетонските површини на мостот се заштитени со хидроизолација по целата должина на мостот и на контактот меѓу крајните столбови и темели со земјата.

Според песметките изведбата на двата крака од сообраќајниците, секоја од по 200 метри и металната конструкција е проценета на околу еден милион евра.

Целиот проект е влезен во финална фаза, издадено е градежно одобрение, во тек е тендерска постапка по што ќе следи реализација. Средствата се инвестиција на Општина Штип а по започнување на активностите се очекува проектот да биде завршен за 6 месеци.

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

prijavi-problem-5

Calendar

March 2017
M T W T F S S
27 28 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize