Home Еднакви можности Презентација на добиени резултати од проектот „Подигање на свеста на средношколската младина за сексуално – преносливите болести и можните последици од нив, во насока на превенција на истите“
Презентација на добиени резултати од проектот „Подигање на свеста на средношколската младина за сексуално – преносливите болести и можните последици од нив, во насока на превенција на истите“
Wednesday, 05 December 2018 15:18
There are no translations available.

Rezultati-Proekt-SPB-01Во рамки на Годишната програма за еднакви можности на Општина Штип за 2018 година, која беше донесена Од Комисијата за еднакви можности и Совет на Општина Штип, беше предвидена и реализација на проектот „Подигање на свеста на средношколската младина за сексуално преносливи болести и можните последици од нив во насока на превенција на истите“.

Реализацијата на овој проект Rezultati-Proekt-SPB-02опфати анализа на почетната состојба на знаењата на младите од прва година на средните училишта за сексуално преносливите болести преку анкетирање, сумирање на резултатите од анкетата, детектирање на слабостите, реализирање на предавања и повторно анкетирање со цел утврдување на напредокот со знаењето на оваа тема.

            Имајќи ја предвид позитивната практика од реализацијата на ваквиот проект и ефектите кои беа постигнати во изминатите години, истиот беше вклопен и во Програмата за еднакви можности за 2018 година.

            Добиените резултати од проектот беа презентирани на јавноста од страна на д-р Елена Илијева и д-р Викторија Јорданова од Центарот за јавно здравје на 30 ноември 2018 година, во сала 2 на Општина Штип. Воедно, со презентирање на резултатите од анкетирањата и предавањата се одбележа Први декември - Светскиот дена за борба против Сидата.

 

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

Calendar

January 2019
M T W T F S S
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize