Home Council Совет на млади Градежни активности во Баби 6, на улица бр. 7
Градежни активности во Баби 6, на улица бр. 7
There are no translations available.

gradenje Babi6-1Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска изврши увид во градежните работи на улица 7 во населба Баби, којашто се асвалтира.

„Започнуваме со поголем број на градежни зафати во Општина Штип. Денеска се асвалтира една од двете нови улици во населба Баби, а тоа е улицата бр. 7 за којашто уште пред изборите во октомври месец им ветив на граѓаните на населба Баби дека ќе се фокусираме на поголеми вложувања, на повеќе инвестиции во делот на новата квалитетна инфраструктура којашто ќе ја инвестираме и ќе ја реализираме во овој дел од градот,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Новата локална власт уште на самиот gradenje Babi6-2почеток, во декември минатата година започна со активностите поврзани со уредување на градежното земјиште во станбена зона Баби 6.

На улицата број 7 во населбата Баби 6, се поставени водоводна и канализациона мрежа и извршено е тампонирање. Изведбата на водовод и канализација на улиците бр. 6 и бр. 7, во должина од 360 метри канализација и 285 метри водовод чини 1.500.000 денари.

Денеска фирмата којашто ги исполнуваше сите услови во тендерската постапка, започнува со асвалтирање на оваа улица, со што ќе се реши голем проблем и за пешаците и за возачите во една од поголемите населби во нашиот град.

gradenje Babi6-3Асвалтирањето на оваа улица број 7 ќе чини околу 3.941.200 денари.

„Општина Штип продолжува оваа пролет и оваа сезона со многу градежни зафати со што ќе го подобриме и квалитетот на животот и ќе имаме многу подобра инфраструктура за нашите граѓани,“ посочи градоначалникот Бочварски.

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

Calendar

October 2018
M T W T F S S
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize