Home Announcements Писмена реакција на ГДУ
Писмена реакција на ГДУ
Monday, 01 July 2019 14:44
There are no translations available.

opstina-stip-zgrada-3ГДУ со вакви соопштенија го потврдува фактот дека се однесуваат несериозно и без никакви анализи излегуваат во јавност.

На овој проект работеле сериозни проектанти, сообраќајни инженери и градежни инженери.

Решенијата за ваквите проекти не треба да ги носи политиката и политичарите туку стручните овластени инжинери.

Имено по поставување на мостот на река Брегалница ќе се добие уште една фрекфентна улица од населба Пребег до населба Сењак, која ќе вкрстува со булевар Гоце Делчев . Оттука се јавува потребата за изградба на кружен тек со цел смирување на сообраќајот, но и безбедно движење во сите четири правци.

Како тоа замислувате да функционира таа крстосница после пуштањето на обиколницата и неколкукратно зголемување на сообраќајот во другата насока, без кружен тек?

Оваа локална власт се грижи за безбедноста на граѓаните и токму затоа е изграден овој проект.

Локалната самоуправа уште еднаш бара од сите политички субјекти во градот да не изнесуваат манипулативни информации со цел замајување на јавноста.

Кога зборувате за проект од 146 илјади евра, треба да знаете дека со тие пари е изградено целосно нов кружен тек и целосно нова улица во должина од 250 метри и 5 пристапи до тамошните објекти, со тротоари, тампонирање, 2 слоја асфалт и рабници.

Повторуваме дека понудените цени за овој зафат беа од 190 до 420 илјади евра, а после аукцијата е дојдено до најниската понудена цена, по закон за јавни набавки.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

Calendar

August 2019
M T W T F S S
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize