Home Announcements Писмена реакција на денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип
Писмена реакција на денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип
Friday, 17 May 2019 14:54
There are no translations available.

opstina-stip-zgrada-3ВМРО-ДПМНЕ вчера зборуваше дека локалната власт не работи на крупни проекти, а денеска и самите зборуваат за еден од крупните проекти за градот.

ВМРО-ДПМНЕ денеска е опозиција, токму заради тоа што не изгради ниту еден значаен и капитален проект за Штип додека беше власт.

Ги потсетуваме дека проектот за мост со обиколница е промовиран од страна на СДСМ во 2014 година.

Еден од малкуте проекти коишто ги започна ДПМНЕ е првата фаза од обиколницата, но и тој не го заврши.

Првата фаза од обиколницата чини 46.000.000 денари, а втората фаза дополнителни 11.000.000 денари или вкупно 57.000.000 денари.

Прогресот на овој проект во моментот кога ја превземавме локалната власт беше 40%.

Оваа локална власт заедно со изведувачот го доработи проектот за мост на река Брегалница со комплетна ревизија.

Наскоро ќе се постави вториот слоj асфалт и ќе се постави конструкцијата на мостот.

Претходно се заврши комплетно втората фаза од обиколницата со кружен тек.

За да им биде појасно на безидејното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги информираме дека од целата обиколница која чини 57.000.000 денари тие имаат реализирано 40%, останатото се реализира во време на новата локална власт.

Локалната власт работи на остварување на нова детска градинка во населба Сењак, спортско-рекреативен центар Суитлак, нов затворен базен во ООУ „Димитар Влахов“, брана на реката Отиња, гасификација на Штип, нов градски стадион.

Ова се проекти за кои ВМРО-ДПМНЕ додека беше власт немаше идеја како да ги реализира.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ треба да учи како се остваруваат ветените проекти и како градот го добива својот развој.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

December 2019
M T W T F S S
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize