Home Announcements Честитка по повод 23 мај-Национален ден на Власите
Честитка по повод 23 мај-Национален ден на Власите
Thursday, 23 May 2019 14:00
There are no translations available.

Blagoj BocvarskiГрадоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски упатува честитки по повод 23 мај- Национален ден на Власите, во која се вели:

„ Дозволете ми на почетокот да го честитам денешниот ден, 23 мај – Националниот ден на Власите, на сите вас мои сограѓани, припадници на влашката заедница.

Упатувам искрени честитки со желба за понатамошен успех во промоцијата, негувањето и ширењето на традицијата и културата на Власите во Република Северна Македонија. Тоа е богатството на нашата драва.

Вие ја правите нашата држава богата земја и придонесувате за севкупниот општествен развој и напредок на Република Северна Македонија.

Нашиот град е семејство на повеќе јазици, култури и вери, тoj е мозаик со многу бои и секоја боја посебно блеска со својата убавина.

Меѓусебната почит и разбирање треба да биде ѕвездата водилка во нашето опшество, која ќе вродува само успеси и напредок.

Затоа денеска мои сограѓани, уживајте во празничниот ден и имајте пријатни семејни мигови исполнети со многу среќа и здравје.

Во иднина ќе продолжиме заедно напред кон успешната приказна – едно општество за сите, темелена единствено на взаемна почит и разбирање,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

September 2019
M T W T F S S
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize