Home Announcements Најава на воведување привремена измена на режим на сообраќај заради централна прослава на Денот на Европа во Штип
Најава на воведување привремена измена на режим на сообраќај заради централна прослава на Денот на Европа во Штип
Thursday, 10 May 2018 15:35
There are no translations available.

opstina-stip-zgrada-3Во сабота, на 12 мај, во нашиот град ќе се одржи централната прослава на Денот на Европа.

Заради организацијата и спроведувањето на активностите поврзани со оваа прослава, ги известуваме сите наши сограѓани дека на 12.05.2018 г. во периодот од 08:00 часот наутро до 00:00 часот на полноќ, се воведува измена на режим на сообраќај на ул. „Маршал Тито“, односно од спојот со ул. „Јосиф Ковачев“ кај т.н. Влашки мост до мостот кај хотел „Оаза“.

На наведената локација целосно се затвора сообраќајот за моторни возила, а ќе се одвива само пешачки сообраќај.

Прославата ќе започне во 12:00 часот со официјално отворање на ЕУ Паркот, којшто ќе биде лоциран на градскиот плоштад „Слобода“. На церемонијата на сечење лента ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, како и претседателот на Влада, Зоран Заев, и Шефот на делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар.

Прославата ќе кулминира со концерт „Ѕвездите за ЕУ“, којшто ќе се одржи во ЕУ Паркот на плоштад „Слобода“, а ќе започне во 17:30 ч. На концертот ќе настапат музичарите Зоран Илиев, Brass Brothers и Тамара Тодевска.

Сите граѓани на Општина Штип и пошироко се поканети да присуствуваат на целодневната централна прослава

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

Calendar

May 2018
M T W T F S S
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize