Home Announcements Информирање на јавност во врска со постапка за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти
Информирање на јавност во врска со постапка за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти
Thursday, 11 January 2018 12:18
There are no translations available.

stip1Согласно Закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на РМ90/17“) на ден 03.01.2018 г., стапени се на сила последните измени во постапката за утврдување правен статус на бесправни објекти кои се однесуваат на продолжување на одредени рокови за дополнување на веќе поднесените барања и предвидуваат нови рокови за поднесување нови барања.

Ја информираме јавноста дека имателите на бесправни објекти, на кои објекти заклучно со 3 март 2011 година се изведени градежните и инсталатерските работи во целост и истите претставуваат градежна и функционална целина, можат да поднесат барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од 03.01.2018 година до 31 декември

2018 година.

Барателите на кои до денот на започнувањето на примената на овој закон им било одбиено барањето поради некомплетирана документација можат да поднесат ново

барање за утврдување на правен статус на бесправен објект најдоцна до 03.06.2018 година.Барателите кои немаат доставено геодетски елаборат за утврдување на фактичка

состојба на бесправен објект, а имаат поднесено барања во рокот од 19.12.2015 година до 31.03.2016 година, можат да достават геодетски елаборат за утврдување на фактичка

состојба на бесправен објект најдоцна до 30 јуни 2018 година. Барателите кои во овој рок нема да ја достават потребната документација, надлежниот орган ќе им го одбие

барањето за утврдување на правен статус на бесправен објект.

При поднесувањето на барањето, Општина Штип апелира истото да е комплетно, односно да ги содржи сите потребни докази, и тоа: геодетски елаборат, сметка за струја, вода

(пред 03.03.2011 година) или изјава дадена кај нотар дека објектот е изграден и функционален пред 03.03.2011 година, копија од лична карта или извод од Централен регистар и доказ за платена административна такса во вредност од 300,00 денари.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

April 2020
M T W T F S S
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize