Home Announcements Општина Штип дел од проект преку ИПА програмата на ЕУ во партнерство со Општина Аксаково од Бугарија
Општина Штип дел од проект преку ИПА програмата на ЕУ во партнерство со Општина Аксаково од Бугарија
Friday, 09 February 2018 14:08
There are no translations available.

IPA proekt-1Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во соработка со Општина Штип стана дел од нов проект преку ИПА програмата на ЕУ. Носител на проектот е Општина Аксаково од соседна Бугарија, додека ние се јавуваме како партнери. Со проектот кој носи наслов „Иднината на Европа“, Штип стана дел од мрежа на градови од ЕУ кои ќе реализираат неколку расправи на тема за перспективите на ЕУ.

Првата средба ќе се одржи на крајот на април во Аксаково и Општина Штип ќе ја претставува петчлена делегација предводена од градоначалникот Благој Бочварски. Вредноста на проектот е 150.000 евра, а Општина Штип ќе добие соодветен дел за организирање на средбата на неколку теми на крајот на јуни годинава во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“. Проектот беше аплициран од страна на Општина Аксаково лани, а Штип е единствен град од Македонија кој е вклучен во овој проект.

Освен Штип и Аксаково, во проектот се вклучени уште пет други земји од ЕУ, поточно пет локални самоуправи од пет западноевропски земји. Тоа се Сетубал од Португалија, Монтсерат од Шпанија, кој е во реонот на Валенсија, Озаров Мазовјецки од Полска, Виториа од Сицилија во Италија и градот Викторија од Романија. Во текот на следните три години секој град ќе биде домаќин на по една средба, а претставници од овие седум градови ќе дебатираат за иднината на Европа.

Ова е прв пат Општина ШтипIPA proekt-2 да биде вклучена во ваков проект во кој тематски се зближуваме со градови од Португалија, Шпанија, Италија, Полска и Романија и особено е важно во јуни да се покажеме како добри домаќини, бидејќи се очекуваат околу триесетина претставници од овие земји кои ќе престојуваат во Штип и ќе ги споделат своите гледишта за иднината на Европа.

Состанокот ќе се одржи од 20 до 22 јуни. Со самото тоа што средбата е планирана да се одржи во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“, имајќи во предвид дека претседателот Глигоров беше политичар кој во деновите на осамостојувањето, заедно со тогашната политичка структура ги постави темелите за евро-перспективите на Македонија, ова е воедно и достојно одбележување во негова чест. Благодарност до Општина Аксаково кои ја вклучија Општина Штип да биде дел од проектот и со тоа овозможија да дадеме свој придонес во спроведување на истиот, на една важна идеја кон која и како град и држава се стремиме, а тоа е членство во ЕУ.

 

 

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Banner

ekoloski-dozvoli-baner

Calendar

February 2018
M T W T F S S
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 1 2 3 4

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize