Дома
Општина Штип | Municipality of Stip
Достава на Решенијата за данок на имот за 2020 година

Почитувани сограѓани, даночни обврзници

Ве информираме дека Општина Штип започна со достава на Решенијата за данок на имот за 2020 година преку курирската служба.

Следејќи ги потребите на граѓаните и заради навремена и поседноставна достава, од оваа година Општина Штип воведува нова пракса- електронска достава на Решенија за данок на имот и Решенија за комунална такса- фирмарина. За таа цел Ве повикуваме да испратите меил на адресата Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите од Вашата електронска адреса на која сакате во иднина да ги добивате Решенијата. Во пораката треба да наведете целосно име и презиме, матичен или даночен број и адреса на даночниот обврзник. По добиената порака автоматски влегувате во електронската даночна база и во најктарок рок на Вашата е-маил адреса ќе го добиете Вашето даночно решение. Електронското доставување на Решенијата се однесува и на правни и на физички лица.

Во оваа прва фаза електронски ќе може само да го добиете Вашето Решение. За во иднина Општина Штип работи и на овозможување на електронско плаќање на даночните обврски.

Ве информираме дека и покрај воведувањето на електронското доставување ќе продолжи и доставата по принцип,,Решение на рака,,.

Веруваме дека оваа новина масовно ќе биде прифатена од граѓаните-даночни обврзници. Во меѓувреме Ве повикуваме редовно да си ги плаќате даночните обврски бидејќи сите тие средства се вложуваат во подобрување на условите за живот преку изградба на улици, тротоари, паркови, градинки и слично.

 
ЈАВЕН ПОВИК

 ЈАВЕН ПОВИК

за online работа и достава на продукти од маркети, аптеки, достава на храна од ресторани и такси превоз на територијата на општина Штип

 

Следејќи ги одлуките и мерките донесени на 36. Седница на Владата за воведување на забрана за движење на граѓаните поради спречување на внесувањето и ширењето на заразата со Коронавирус Covid 19, а која стапува во сила од среда (08.04.2020), Општинскиот штаб за справување со кризи на Општината Штип ги информира граѓаните дека:

Согласно владините мерки за online работа и достава на продукти од маркети, достава на храна од ресторани и слично, како и такси превоз, СЕ ПОВИКУВААТ сите заинтересирани правни субјекти да се пријават во општина Штип, за добивање на дозвола за работа за време на полициски час.

Во прилог на овој јавен повик е Пријавата која е потребно да ја пополнат сите заинтересирани правни субјекти најдоцна до петок 10.04.2020 година до 10 часот.

 

Пополнетата Пријава да се испрати на: gradonacalnik@stip.gov.mk

 
Извештај за Проект „Иднината на Европа - Обнова“.

logo-eu-proekt

 
Пријава на случаи на дискриминација

Пријавете случај на дискриминација кај локалниот координатор за еднакви можности Снежана Санева, телефон 078 472 707 или на електронската адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

 
Дневен билтен на Општина Штип

dneven_bilten_1_resize

 
Претставка против полиција

pretstavka-policija

 
Анализа на задоволството на корисниците на услугите на Општина Штип

bar-chart

 
Телефонска линија за психосоцијална поддршка

Telefonska linija

 
Политика за квалитет и заштита на животна средина
 
Етички кодекс

 
Контакт со граѓани со некаков вид попреченост

opstina stip 3За лице задолжено за контакт со граѓани кои имаат некаков вид и степен на попреченост, со цел укажување на помош, е делегирано лицето Вања Џамбазова Николовска, вработена во Општина Штип во Одделението за јавни служби, како соработник за социјална, детска и здравствена заштита.

Контакт информации:

Е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Моб: 078 47 26 98

Тел: 032 22 66 14

Факс: 032 22 66 01

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Мај 2020
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize